Skip to main content
Хроника

17 возачи уапсени за безобѕирно управување возила – еден предизвикал сообраќајна незгода

25/04/2026  18:26

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 17 возачи за безобѕирно управување со моторни возила.

Од нив, девет возачи управувале возило без возачка дозвола (шест од Скопје, по еден од Гевгелија, Прилеп и Кичево), тројца возачи (двајца од Скопје и еден од Кичево) управувале под дејство на алкохол, еден возач од Делчево управувал моторцикал без возачка дозвола, додека двајца од Скопје управувале возила со активна забрана за управување. Дополнително, двајца возачи од Скопје возеле без регистарски ознаки и без возачка дозвола.

Возач од Скопје, кај кого бил утврден алкохол, предизвикал сообраќајна незгода, при што изгубил контрола и удрил во канделабра.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.