Почнуваат преговорите меѓу работните групи на Македонија и Бугарија

Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Македонија и Бугарија ќе го скрши мразот и утре ќе биде првата која ќе оддржи состанок, по официјализирањето на петте работни групи пред седум дена во Софија за подобрување на односите меѓу двете земји.

Домаќин на средбата во Скопје ќе биде министерството за финансии,  по состанокот е предвидено и заедно да им се обратат на медиумите.

Со работната група за економија всушност стартува календарот кој го договорија македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, секоја недела до јуни една од четирите работни групи – за економија, инфраструктура, култура и образование и евроинтеграции да одржаува состанок за реализација на проекти и прашања од заеднички интерес, со цел дел од тие теми до тогаш да бидат затворени или унапредени.

Од ваквото темпо на работа на работните групи исклучок ќе биде работната група т.е. Комисијата за историски прашања, која до средината на мај наместо две ќе има три средби.

Треба да знаете
Последни објави