Skip to main content
Македонија

Испратив порака до судии дека ќе ги „тресам до гаќи“ за притворот на Катица Јанева вели Русковска

23/04/2026  21:09

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, поранешната обвинителка Вилма Рускоска откри дека е точно оти испратила остра порака до судии во врска со одлуката за притвор на Катица Јанева.

Рускоска потврди дека пораката била испратена во момент на револт, бидејќи сметала дека не е праведно обвинител, а особено специјален обвинител фатен во криминал, да биде пуштен во поблага мерка како куќен притвор.

„Сметам дека судии, обвинители и полициски службеници, ако се фатат во криминал, треба да бидат построго казнети од останатите граѓани“, изјави Рускоска.

Според неа, во пораката стоело предупредување дека доколку се донесе одлука за ослободување од притвор, ќе биде покрената финансиска истрага за членовите на советот. Таа денеска вели дека не очекувала пораката да биде сфатена толку сериозно.

По целиот случај, сепак била спроведена финансиска истрага, при што, според Рускоска, „сè било во ред“, без утврдени неправилности кај судиите.

Изјавата повторно ја отвори дебатата за одговорноста во правосудството, еднаквоста пред законот и односот кон функционерите кои се гонат за криминал.