Skip to main content
Македонија

Рускоска: Боки трошел по 140.000 евра за брендирана гардероба во Милано

23/04/2026  20:58

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, поранешната обвинителка Вилма Рускоска откри нови детали поврзани со еден од најголемите корупциски скандали во земјата – Случајот Рекет.

Рускоска изјави дека, судејќи според фискалните сметки и доказите презентирани во постапката, Бојан Јовановски најверојатно одамна ги потрошил средствата кои се поврзуваа со аферата.

Таа посочи дека за време на судскиот процес биле приложени документи за огромни трошоци, меѓу кои и луксузен шопинг во Милано, каде според доказите бил остварен поврат на ДДВ од околу 140.000 евра.

„Судејќи според начинот на трошење, не верувам дека тие средства и денес се користат“, истакна Рускоска.

Случајот „Рекет“, кој ја потресе македонската јавност и доведе до пад на Специјално јавно обвинителство, и натаму останува симбол на висока корупција, влијание и злоупотреба на моќ во државата.

Изјавата на Рускоска повторно ја отвори темата за тоа каде завршија милионите од аферата што со месеци беше во фокусот на јавноста.