
Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, по долг период на медиумски молк, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ откри каде се наоѓа и како го поминува времето по нејзиното разрешување од функцијата.
На прашањето каде заминала, Рускоска со насмевка одговори дека е на заслужен одмор, односно во пензија, објави 4news.mk
На прашањето дали ужива во овој „одмор“, таа децидно одговори: „Да, апсолутно“.
Иако со години беше една од најекспонираните фигури во македонскиот правосуден систем, Рускоска вели дека денес она што моментално се случува на општествено-политичката сцена веќе не ја интересира.
„Само повремено читам, на пример за тоа што се случува во Тајм.мк, колку да бидам малку во тек, но не премногу“, вели таа.
