Skip to main content
Свет

Силен земјотрес од 7,5 степени во близина на Јапонија предизвика предупредувања за цунами

20/04/2026  11:25

Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, објавува јапонскиот портал „NHK“.

Како што е наведено, јачината на земјотресот е 5+ на скала од 1 до 7. Издадено е предупредување за цунами и се очекуваат бранови високи до три метри.

На жителите од крајбрежните области им е советувано веднаш да се евакуираат и да одат на безбедни локации и на повисоки нивоа.

На граѓаните им е кажано да се држат подалеку од бреговите и устието на реките во морето, поради можно прелевање на водата.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот траел околу 20 до 30 секунди, а се чувствувало и нишање на зградите, објавува Танјуг