Skip to main content
Македонија

Вечерва полициска опсада во Аеродром по вооружен грабеж на казино

17/04/2026  00:25

Вистинска драма се одвива вечерва во скопската населба Аеродром, откако двајца разбојници вооружени со огнено оружје упаднале во казино во трговскиот центар „Скопјанка“ и извршиле грабеж.

Според информациите објавени од Слободен печат, напаѓачите по грабежот избегале кон кејот на Вардар, по што полицијата започнала интензивна потера низ улиците во населбата. Во тек е обид за нивно опкружување, додека целиот реон е под силно полициско присуство.

Очевидци велат дека ситуацијата е напната, а на терен се распоредени повеќе полициски екипи кои ги пребаруваат околните улици и приоди.

Засега нема официјални информации за висината на пленот кој разбојниците го одзеле, ниту дали има повредени лица.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а потрагата по сторителите продолжува.

Фото: Слободен печат