
Интересот за астрономијата најчесто започнува уште во најрана возраст, вели Радан Митровиќ од Скопско астрономско друштво.
Тој истакна дека речиси секое дете покажува интерес за вселената, особено кога првпат ја гледа Месечината или планетите преку телескоп.
„Кај децата веднаш се појавува насмевка кога ќе ја видат Месечината“, рече Митровиќ, додавајќи дека токму тие моменти се клучни за развивање на љубопитноста.
Од друга страна, кај возрасните често постои скептицизам, па дел од нив дури и не веруваат дека навистина ги гледаат планетите преку телескоп.
Тој нагласи дека директното набљудување на небото создава посебно искуство кое не може да се спореди со гледање фотографии или видеа.

