Skip to main content
Магазин

Синовите ја наговориле Бритни Спирс да оди на лекување од зависност

14/04/2026  09:53

Синовите на Бритни Спирс, 20-годишниот Шон Престон и 19-годишниот Џејден Џејмс, одиграле клучна улога во нејзината одлука да побара стручна помош, откако поп ѕвездата викендов доброволно се пријавила во установа за рехабилитација.

Според информации на магазинот People, токму нејзините синови биле тие кои најсилно инсистирале пејачката да започне лекување, загрижени за нејзината состојба по серијата настани во изминатиот период.

Одлуката следела по апсењето на Спирс во март во Калифорнија, кога била приведена поради возење под дејство на опијати. Извор близок до пејачката открива дека таа била длабоко потресена од инцидентот и сериозно загрижена од можноста да се соочи со затворска казна.

„Беше многу вознемирена по апсењето. Помислата на затвор ја исплаши. Потребни и беа недели за да сфати дека рехабилитацијата е најдобрата опција“, изјавил изворот.

Дополнително, нејзиниот тим уште од самиот инцидент ја охрабрувал да побара професионална помош, нагласувајќи дека околината постојано се обидува да ѝ даде поддршка, иако ситуацијата не била лесна.

Сепак, пресвртниот момент дошол кога нејзините синови директно и укажале дека е време да преземе чекор кон закрепнување.

„Тие беа многу јасни со неа. Само сакаат да биде здрава. Токму тие одиграа голема улога во нејзината одлука да оди на рехабилитација“, додава изворот.

По објавата за нејзиното лекување, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Kevin Federline, со кој ги има синовите. Преку својот адвокат порача дека е информиран за ситуацијата и ја поддржува нејзината одлука.

„Ако ѝ е потребна помош, добро е што ја добива. Драго ми е ако ова е одлука што самата ја донела“, стои во неговата изјава.

Овој развој на настаните повторно го става приватниот живот на поп ѕвездата во фокусот на јавноста, додека нејзиното семејство и блиски соработници се надеваат на успешно закрепнување и стабилизација на нејзината состојба.