
Метео анализа на Славчо Попоски:
Ден Велигден 12 април 2026, територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација за овој најголем Христијански празник Воскресение Христово Велигден ќе имаме сончево време и релативно топло со пролетни температури на воздухот. Ќе има и појава на умерена локална облачност во текот на денот а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој навечер во Повардарието ќе засилува на интензитет.
Во Скопје и околината на ден Велигден 12 април 2026 времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност и пролетно топло а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 21 степен.


