Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се одвиваат согласно предвидената динамика

09/04/2026  13:44

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа со каква динамиката тече изградбата на автопатиштата, особено на Охрид-Кичево, изјави:

„Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид. Затоа што знаете дека заемот којшто го добиваме од кинеската „Ексим” банка, повеќе не го добиваме, престана. Но, бргу се реорганизиравме и тој проблем е надминат. Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително, би рекол, поволни услови. И практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно. И со тоа веќе конечно таа делница ќе биде функционална.

Исто така напредува и делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. И конечно е предаден извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани приклучок Кичево, практично на автопатската делницата Кичево, Кичево-Охрид. Така што во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така прилично солидно, би рекол согласно динамиката, напредува реализацијата на делницата Прилеп-Битола којашто е дел од Коридорот 10, 10Д.”