Skip to main content
Скопје

10.000 денари субвенција за полагање на возачки испит за младите во Ѓорче Петров

07/04/2026  13:30

Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат.

Со оваа мерка, општината продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување.

Градоначалникот истакна дека вложувањето во младите е клучен приоритет: „Создаваме услови младите да напредуваат и да имаат еднакви можности за развој. Ова е инвестиција во нивната иднина, но и во иднината на целата заедница.“

Право на аплицирање имаат жители на општина Ѓорче Петров кои за првпат полагаат возачки испит, согласно утврдените критериуми.

Повикот е отворен, а сите заинтересирани можат да аплицираат согласно условите објавени на официјалната веб-страница на општината.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на политики што носат реални придобивки и директна поддршка за граѓаните.