Skip to main content
Македонија

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

28/11/2024  23:48

Денот на албанското знаме беше прославен вечерва низ неколку градови во Македонија, а најголемиот инцидент се случи во Скопје, каде што беше блокиран центарот на градот. Според информациите, инцидентот беше проследен со рафални истрели во близина на трговскиот центар „Мавровка“ и снимка која ја објавија на социјалните мрежи. На видеото, направено во близина на Бит-пазар, се гледа како група славеници го кинат македонското државно знаме, што предизвика голем револт кај дел од граѓаните.

Граѓаните кои се шокирани од ваквото однесување започнаа да бараат одговорност и санкции за овој акт на уништување на националниот симбол. На социјалните мрежи беше нагласено дека според Кривичниот законик на Република Северна Македонија, „за оној што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Северна Македонија, нејзиното знаме, грб или химна“, предвидена е парична казна или затвор до една година.

Овој инцидент го подигна прашањето за почитување на националните симболи и за потребата од потези кои ќе осигураат дека ваквите дела нема да останат неказнети, а во исто време поттикна дебата за националната безбедност и интегритет.