
Соопштение Алијанса за Албанците
Одговорот на премиерот Христијан Мицкоски во врска со Коридорот 8 содржи многу невистини и искривувања. Обидот да се обвини Албанија дека автопатот е стопиран на 25 километри од границата е уште една манипулација, бидејќи станува збор за договор меѓу двете влади за изградба и кофинансирање на тунел кој исто така би го поместил граничниот премин на поповолна позиција што значително го скратува патот и е полесен за одржување. Но, сегашната влада го прекрши овој договор и се обидува да го манипулира.
Уште поскандалозен е делот од изјавата кога премиерот вели дека Дебар, Кичево и Струга имаат апсолутно Македонско мнозинство. Ова не само што е неточно, туку ја открива и неговата потсвест, што е спротивно на претходните зборови кога тој тврди дека е премиер на сите граѓани и повикува проектот да не добива етнички карактер.
Сега кога сите факти излегоа на виделина и сценаријата се побиени, го покануваме премиерот да се врати во реалноста и да работи на реализација на Коридорот 8 без одложувања и компликации.

