Skip to main content
Свет

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

28/03/2026  18:24

Илјадници протести „Без кралеви“ се очекуваат низ САД во сабота против политиките на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација. Организаторите најавуваат повеќе од 3.200 собири во сите 50 држави, очекувајќи дека тоа ќе бидат најголемите еднодневни демонстрации во историјата на САД.

Два претходни слични настани привлекоа милиони учесници. Главните протести ќе се одржат во Њујорк, Лос Анџелес, Вашингтон и Минеаполис.

Вистинското прашање на оваа мобилизација не е само колку луѓе протестираат, туку каде протестираат“, рече Лиа Гринберг, коосновач на групата „Indivisible“, која ги организираше демонстрациите. Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, ги нарече протестите „терапевтски сесии за пореметени антитрамповци“.

Претходните собири беа мотивирани од активностите на имиграциските власти и распоредувањето на Националната гарда во поголемите градови, а протестите во сабота ќе бидат против американско-израелското бомбардирање на Иран, според организаторите.