Skip to main content
Хроника

Уапсени двајца скопјани – полицијата ги фати со дрога

28/03/2026  14:20

Полициски службеници од СВР Скопје на различни локации ги лишија од слобода Д.Т.(48) и Р.Д.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.