Skip to main content
Свет

Јапонија ќе ги намали ограничувањата за термоцентралите на јаглен поради енергетската криза

27/03/2026  19:15

Јапонија најави дека планира привремено да ги ублажи ограничувањата на работата на термоцентралите на јаглен, за да го намали ефектот од енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток.

Претставник на јапонското Министерство за индустрија ги потврди како точни информациите објавени во локални медиуми за олабавување на правилата за намалување на емисиите на гасови што предизвикуваат „ефект на стаклена градина“.

Планот на властите во Токио се очекува да биде претставен на експертски панел закажан за текот на денот.