Skip to main content
Македонија

Земјотрес вечерва почувствуван во Македонија

25/03/2026  21:05

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на Републиката, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  III степени според Европската макросеизмичка скала.