
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика САД и Израел да ги прекинат борбите против Иран бидејќи „хуманитарното страдање се продлабочува, цивилните жртви растат, а глобалното економско влијание е сè попогубно“.
– Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи – додаде Гутереш.
Тој, исто така, го најави назначувањето на ветеранот на француската дипломатија, Жан Арно, за личен пратеник кој ќе ги предводи напорите на светската организација за конфликтот и неодамнешните мировни напори кои се во тек.


