Skip to main content
Економија

СДСМ: Цените на дизелот се покачија, растат и цените во маркетите – мерката на Мицкоски без ефект

24/03/2026  10:03

Соопштение за јавност на СДСМ:

Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар.

Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар.

Ете толку од „мерката” на Мицкоски.

Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант.

Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема никаков ефект. Граѓаните плаќаат поскапо гориво, а со тоа се забрзува и растот на цените на храната.

Цените во маркетите растат – зејтинот, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапено, граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат на својот џеб.

СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува, а сиромаштијата ќе расте.

Затоа Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки на СДСМ: 0% ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%.

Неопходно е итно да се применат овие суштински решенија, кои навистина ќе им помогнат на граѓаните.