Skip to main content
Свет

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

23/03/2026  20:27

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинското воено разузнавање има ,,неоспорни” докази дека Русија продолжува да дава разузнавачки податоци на Иран.

„Русија ги користи сопствените капацитети за сигнален и електронски надзор, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнерите на Блискиот Исток“, напиша тој на X.

Кремљ минатата недела го отфрли извештајот на „Вол Стрит Џурнал“ дека Русија споделува сателитски снимки и подобрена технологија за дронови со Иран, нарекувајќи го „лажни вести“.