Skip to main content
Свет

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран

23/03/2026  19:19

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да има напади врз иранската енергетска инфраструктура.

Калас изјави дека нападите врз инфраструктурата предизвикуваат хаос во регионот и дополнително го ескалираат војната.

Трамп претходно денеска соопшти дека САД и Иран воделе продуктивни разговори во последните два дена, по што побарал одложување на нападите врз иранската енергетска инфраструктура и електраните во наредните пет дена.