Skip to main content
Свет

Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

23/03/2026  18:08

Доналд Трамп изјави дека двете страни веќе постигнале начелна согласност за најважните прашања кои би биле дел од евентуалниот нов договор.

Трамп нагласи дека неговиот пристап се заснова на „реални решенија“, а не на претходните рамки кои ги сметаше за нефункционални.

„Мислам дека тие сакаат да направат договор. Веќе се согласивме за многу важни точки. Сè ќе се случи многу брзо, ако го направиме тоа правилно,“ изјави Трамп.