Skip to main content
Економија, Македонија

Дизелот поскапува, бензинот останува ист – нова одлука на РКЕ

23/03/2026  15:28

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на горивата, со која бензинот останува со непроменета цена, додека дизел горивото поскапува за 3,5 денари по литар.

Според најновата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 86,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 88,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 95,50 денари за литар
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 92,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС: 47,610 денари за килограм

Одлуката на РКЕ стапува на сила веднаш, а поскапувањето на дизелот дополнително ќе влијае врз транспортните трошоци и цените на производите на пазарот.