Skip to main content
Македонија

Груби останува во куќен притвор

22/03/2026  19:07

Поранешниот вицепремиер Артан Груби му останува во домашен притвор.

Тој е обвинет во рамки на истрагата за злоупотреби поврзани со Државна лотарија на Северна Македонија, потврдија од скопскиот Кривичен суд.

Според судот, мерката е продолжена по барање на Обвинителството, при што на Груби му е определен домашен притвор со 24-часовен полициски надзор.

Груби, кој по повеќе од една година отсуство се врати во земјата кон крајот на февруари, е осомничен заедно со поранешниот директор на Лотаријата, Перпарим Бајрами, во случај поврзан со набавка на ВЛТ апарати, каде според проценките на МВР државниот буџет бил оштетен за над 8 милиони евра.