
Украинската делегација пристигна во Мајами, каде што денес ќе разговара со претставници на Соединетите Американски Држави.
Укринформ објави дека во украинската делегација биле секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, началникот на кабинетот на претседателот Кирил Буданов, првиот заменик-началник на кабинетот на претседателот Сергеј Кисља и претседателот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Аракхамија.
Американската страна ќе ја претставуваат специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Руската страна не учествува во преговорите. Кремљ вчера објави дека Москва нема да учествува во преговорите меѓу Киев и Вашингтон во Мајами, бидејќи тие ќе бидат билатерални и дека очекува контактите да продолжат во блиска иднина.
Последната рунда разговори меѓу Украина, САД и Русија се одржа во Швајцарија кон средината на февруари. Состаноците оттогаш се прекинати поради војната на САД против Иран.

