Skip to main content
Хроника

Полициските пресретнувачи на терен – „падна“ првата казна во Штип

21/03/2026  08:55

Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.

„Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ информираат од МВР.