Skip to main content
Македонија

Нови правила за пушење: Кафето со цигара само на тераса со посебен влез

19/03/2026  21:17

Министерството за здравство планира со новите законски измени драстично да го намали бројот на пушачи во земјава – од сегашните 45% на под 20% во рок од две години. Предлог-законот за заштита од пушење се очекува да помине на владина седница и да биде усвоен во Собранието до мај.

Што предвидуваат измените?

Олеснување за угостителите: Наместо досегашните три, за пушење ќе бидат дозволени тераси со две отворени страни. Ова решение е донесено по консултации со над 7.000 угостители чии објекти архитектонски не ги исполнуваа претходните услови.
Задолжителен посебен влез: Секој објект ќе мора да обезбеди влез за непушачи кој е целосно одвоен од просторот каде што се пуши, со цел заштита на граѓаните кои не консумираат тутун.
Строги забрани: Целосното ограничување на пушењето во затворени простории за сите видови цигари стапува на сила веднаш по донесувањето на законот, додека за инфраструктурните зафати ќе има преоден период.