Skip to main content
Македонија

Лажна дојава за бомба во основно училиште во Куманово

19/03/2026  15:59

Лажна дојава за бомба била пријавена во кумановско основно училиште. По пријавата реагирале полициските служби.

Од СВР Куманово информираат дека околу 12:50 часот била примена пријава дека на електронската адреса на едно основно училиште во градот е испратена закана за експлозивна направа. По добиената дојава, полицијата презела итни мерки и извршила проверки на терен.

По деталната контрола, било утврдено дека станува збор за лажна пријава и дека нема опасност за учениците и вработените.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот и откривање на испраќачот на заканата.