Skip to main content
Свет

Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини

18/03/2026  19:47

Најголемите руски мобилни оператори денеска ги известија своите корисници дека мобилниот интернет е привремено во прекин во одредени делови на Москва, наведувајќи ги безбедносните мерки како главна причина за оваа рестрикција.

Како што јавуваат новинарите на Ројтерс од руската престолнина, најголемиот мобилен оператор во земјата, МТС, испратил пораки до корисниците во кои се вели: „Со цел да се гарантираат безбедносните мерки во вашиот реон, може да има привремени ограничувања во работата на мобилниот интернет“. Вакви известувања добиле корисници на повеќе телефонски компании во текот на денот.

Ова не е прв ваков случај во изминатиот период. Руските власти во неколку наврати во последните денови го блокираа пристапот до мобилен интернет, особено во централниот дел на Москва, во контекст на засилените безбедносни протоколи во главниот град.