Skip to main content
Хроника

Кривична за маж од тетовско за кражба на струја во вредност од над милион денари

18/03/2026  18:52

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(54) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас”.

На деловен простор во Тетово, на кој е регистрирано електрично броило, пријавениот направил манипулација со две од трите фази, со што било оневозможено точното мерење на потрошената електрична енергија од деловниот простор.

На тој начин била оштетена ЕВН Македонија за сума од 1.080.830 денари.