Skip to main content
Македонија

Филипче во Кочани: Нема зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили

16/03/2026  12:44

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска присствуваше на централниот комеморативен настан во сеќавање на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред точно една година.

„Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот“ објави Филипче на социјалните мрежи.

Во Кочани денеска се одбележува една година од пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.