Skip to main content
Македонија

Вечерва во 02.32 – минута молк пред „Пулс“

15/03/2026  19:58

„Здружението на граѓани 16ти Март 2025“ упати повик до граѓаните, да се соберат пред дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, стои во објавата на Здружението.