Skip to main content
Македонија

Уште денес и утре, понеделник 16-ти март, ќе имаме пролетно време

15/03/2026  10:13

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на денешниот ден недела 15-ти март 2026  и утре понеделник 16-ти март 2026 во Македонија останува претежно сончево времето со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови ќе имаме малку повеќе облачност  и ќе има услови за појава на слаб локален дожд.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите остануваат претежно пролетни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 18 степени.