Skip to main content
Свет

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора

13/03/2026  20:24

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора. Над 2000 луѓе ќе останат без работа. Раководството на фабриката бара помош од романската Влада, односно да најде решение и да ги спаси работните места на своите вработени и подизведувачи или сите ќе бидат отпуштени, а фабриката ќе ги прекине сите напори за продолжување со работа.

Азомуреш потроши 70 милиони евра во изминатата година за одржување на постојната опрема со надеж дека производството на ѓубрива ќе продолжи во иднина.

Почетокот на руско-украинската војна предизвика скок на цените на природниот гас во Европа и ја стави фабриката во мирување, при што производството беше прекинато и рестартирано неколку пати од февруари 2022 година. Војната на Блискиот Исток може дефинитивно да ја уништи фабриката за ѓубрива.