Skip to main content
Свет

Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах

12/03/2026  21:13

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го „дроби“ иранскиот режим, како и неговиот сојузник Хезболах, во својата прва прес-конференција откако пред 13 дена почна војната со Иран.

– Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан – им изјави тој на израелските новинари на Зум конференција, пренесе Тајмс оф Израел.

– Хезболах ја чувствува силата на нашата рака, а ќе ја почувствува уште повеќе. Ќе плати многу тешка цена за својата агресија – предупреди Нетанјаху.

– Преку невидено обединување на силите меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, постигнавме огромни достигнувања – достигнувања кои го менуваат балансот на моќта на Блискиот Исток, па дури и надвор од него – рече Нетанјаху.