Skip to main content
Балкан

Трагедија во Србија: Загина братот на Дарко Лазиќ во тешка сообраќајна несреќа

11/03/2026  23:07

Драган Лазиќ (32), брат на познатиот српски пејач Дарко Лазиќ, денеска го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Ваљево и Шабац, јавуваат српските медиуми.

Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил „цитроен“, управуван од В.К. (62), кој се движел од правец на Шабац, свртел лево кон спореден пат. При тоа, возачот на автомобилот му го пресекол патот на мотоцикл „сузуки“ со германски регистарски таблички.

Мотоциклот го управувал Драган Лазиќ, кој се движел од правец на Ваљево кон Шабац. По силниот судир, тој бил тешко повреден и веднаш бил пренесен кон Здравствениот дом во Владимирци.

Сепак, и покрај обидите за медицинска помош, Лазиќ им подлегнал на повредите за време на транспортот.

Во автомобилот имало и патник кој се здобил со повреди и бил пренесен на лекување во болницата во Шабац. Надлежните служби вршат увид и работат на утврдување на сите околности поврзани со несреќата.