Skip to main content
Економија

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“

27/11/2024  08:58

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе се обрати на конференцијата „ Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“. 

Организатор на конференцијата е Меѓународната организација на трудот (МОТ). Како што е најавено, ќе се обратат Рита Колумбиа, новоименуван постојан координатор на Обединетите Нации во земјава и Клер Харасти, директор на МОТ за Централна и Источна Европа. Ќе учествуваат претставници на Владата, синдикатите, Организацијата на работодавачи, како и претставници од академската заедница кои работат на прашања поврзани со управувањето со пазарот на трудот и недостигот на работна сила.

Ќе биде презентирана студијата на МОТ, а ќе се дискутира за недостигот на работна сила и ќе се разгледаат решенија за справување со овој проблем, како и идните политики што треба да се преземат.