Skip to main content
Свет

Франција забрани на американците да ги користат своите бази на Блискиот Исток

05/03/2026  20:16

Фрација децидно истакна дека на американците не им е дозволено да ги користат своите бази на Блискиот исток. Сепак напоменаа дека можат делумно да полетуваат од базата Истрес што се наоѓа во Франција. Беше истакнато дека од таа база е дозволено полетување само на авиони за поддршка, но не и на борбени авиони.

„Ова е рутинска постапка во рамките на НАТО. Франција инсистираше овие средства на никаков начин да не учествуваат во операциите што Соединетите Американски Држави ги спроведуваат во Иран, туку исклучиво со цел да ја поддржат одбраната на нашите партнери во регионот“, изјави Генералштабот.

Соединетите Американски Држави наводно ѝ потврдиле на Франција дека ќе ја користат базата во согласност со нејзините упатства, односно дека нема да се користи за борбени авиони и напади врз Иран.