Skip to main content
Македонија

Намален бројот на заболени од грип

05/03/2026  15:09

767 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип во Македонија, евидентира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во деветата недела од 2026 година, од 23 февруари до 1 март.

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека во споредба со претходната недела е 31,1 отсто помалку или намалување за 20,4 проценти во однос на бројот од последните 15 сезони.

-Во последните недели се забележува тренд на намалување на бројката и можеме да кажеме дека регистрираната инциденца е во рамки на ниската активност, истакна Андоновска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.