Skip to main content
Спорт

Минимален пораз на македонските ракометари од Белгија

05/03/2026  09:19

Македонската женска ракометна репрезентација претрпе минимален пораз на гостувањето кај Белгија со 26:25 во дуелот од 3.коло од квалификациите за Европското првенство. Нашата репрезентација испушти позитивен резултат, иако во најголемиот дел од дуелот имаше водство.

Во првото полувреме резултатот беше нерешен само 3:3, а избраничките на Кристијан Грчевски постојано водеа. Во вториот дел резултатот беше изедначен во пет наврати, а домаќинот Белгија поведе првпат со 25:24 и второто водство го имаше со конечните 26:25.

Муниа Смитс со 11 голови беше најефикасна, додека во редовите на македонскиот тим најпрецизна беше Јована Кипријановска со 7 голови.

Дуелот од 4.коло на овие две репрезентации се игра в сабота на 7.март во Куманово.