Skip to main content
Македонија

МетеоАларм најава за краткотрајна промена на времето и врнежи во Македонија

05/03/2026  09:13

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на денешниот ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста  која на повеќе места кај нас ќе донесе послаби врнежи од дожд а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска височина) ќе провејува снег. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец.

Сето ова е поради краткотраен продор на малку поладен воздух од север  и од североисток.

И во Скопје  и околината во текот на денешниот ден ќе има повремени слаби врнежи од дожд а повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени а во Скопје  и околината максималната температура на воздухот во текот на денешниот ден ќе се искачи до околу 15 степени.