Skip to main content
Македонија

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

04/03/2026  13:13

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека и понатаму пристапува одговорно, координирано и темелно во спроведувањето на сите активности поврзани со евакуацијата на граѓаните од погодените подрачја.

„Во таа насока, ја информираме јавноста дека, согласно заклучок на Владата, е започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација.

Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации.

За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ“ се вели во соопштението од МНР