
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на помал влажен бран во склоп со малку поладен воздух од север и од североисток на ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна помала промена на времето. Ќе имаме повеќе облачност и локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието како и во источните предели од Македонија.
На планинските места пак со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има повремени слаби врнежи од снег.
Во Скопје и околината исто така на ден 5-ти март 2026 четврток ќе има повремен локален дожд проследен со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Сепак како што веќе претходно кажав и најавив целата оваа промена кратко ќе трае па во деновите потоа ќе имаме повторно стабилно и релативно топло време преку ден сои натпросечни температури и со многу повеќе сонце.

