Skip to main content
Македонија

Апасиев: Итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа

03/03/2026  12:00

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во објава на Фејсбук порача дека семејното насилство треба да се казнува построго од обичното насилство, нагласувајќи дека основната функција на семејството е да обезбеди заштита и сигурност.

„Како што дрска кражба се казнува повеќе од обична, а убиство со умисла повеќе од убиство на миг, така и семејното насилство треба да се казнува повеќе, а не помалку од обично насилство – затоа што една од основните функции на семејството е заштитната“, напиша Апасиев.

Тој го поставува и прашањето за безбедноста на жртвите во случаи кога насилството се случува во домот, потенцирајќи дека заштитата е доведена во прашање кога насилството доаѓа од најблиските.

Апасиев повика на итна и, како што наведува, „радикална реформа“ на центрите за социјална работа, оценувајќи дека тие се заостанати и исполнети со нестручни партиски кадри.

Според него, институциите мора итно да се реформираат со цел поефикасна заштита на жртвите и поефективно справување со случаите на семејно насилство.