Skip to main content
Македонија

(Видео) Тешка сообраќајка кај Соборниот храм во Скопје

02/03/2026  23:39

Доцна вечерва во централното градско подрачје на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ се случи тешка сообраќајна несреќа, откако патничко возило марка „Шкода“ излетало од коловозот и завршило на жардиниера во непосредна близина на храмот.

Според првичните информации од местото на настанот, ударот бил силен, при што предниот дел од автомобилот е целосно уништен. Возилото има видливи деформации и сериозни материјални оштетувања, што укажува на директен и интензивен судир.

Во моментот нема официјални податоци за тоа како дошло до несреќата, ниту дали во возилото имало други лица покрај возачот. Не е познато ниту каква е здравствената состојба на учесниците во инцидентот.

На терен се очекува увид од надлежните служби, по што треба да бидат соопштени повеќе детали за причините и околностите под кои се случила несреќата.