Skip to main content
Свет

Нетанјаху го посети градот Беит Шемеш кој беше погоден од иранска ракета

02/03/2026  20:07

Во посета на местото на нападот на израелскиот град Беит Шемеш, беше израелскиот претседател Нетанјаху. Градот беше погоден од иранска ракета.

Утринава во иранскиот напад беше погодена канцеларијата на израелскиот премиер.Во текот на денот се појавија информации дека можеби е извршен атентат врз Нетанјаху.

Нетанјаху ја проверуваше штетата откако ракета, наводно, успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да уништи синагога, при што загинаа најмалку девет лица, објави Скај њуз.

Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините од нападот.

Во вчерашниот напад со иранска балистичка ракета врз Беит Шемеш, кој се наоѓа на околу 30 километри западно од Ерусалим, најмалку девет лица загинаа, а 23 беа повредени, според Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA). Повеќето од загинатите се засолниле во јавно засолниште, а според началникот на полицијата на округот Ерусалим, Авшалом Пелед, веројатно имало директен удар врз засолништето.

„Повеќето, ако не и сите, од загинатите биле таму“, рече Пелед.

Ракетата погодила станбена зона во градот, уништила синагога и предизвикала голема штета на јавно засолниште и околните куќи.