Skip to main content
Свет

Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран

02/03/2026  14:35

Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран, изјави денеска шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул.

– За разлика од Велика Британија, која им дозволи на САД да ги користат британските бази во регионот за уништување на иранските ракети и местата за лансирање ракети, Германија нема такви бази околу Иран. Ние, исто така, ги немаме потребните воени ресурси, посочи Вадефул, додавајќи оти германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати.

Единици на Бундесверот во моментот се распоредени во Јордан и Ирак.

Вадефул нагласи дека „значајната програма за балистички ракети“ на Техеран вклучува ракети со дострел што претставува закана и за Европа.

– Иранскиот режим отсекогаш бил решен да дејствува против Европа и европските интереси и ѝ се заканува на Германија со тероризам, посочи Вадефул.

Тој наведе и дека Иран можно е да почне кибернапади против Германија.