
Прес конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:
СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето на државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење на пари и корупција во Украина.
Да ја потсетиме јавноста, дека контроверзниот политичар Онишченко, бил член на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Онишченко кој бил во бегство од Украина и тамошните правосудни органи, во време на СДС доби државјанство од Македонија, откако претходно секоја нормална држава истото не му го приушти, нити пак му беше дозволен престој.
Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење на пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДС, Заев, Ковачевски, Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство, под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање на коњи.
Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДС не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено. Руското влијание и политика во Македонија единствено имаат влез преку СДС, Заев и Филипче.
Но, остана неодговорено прашањето за тогашните гласини дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист кој ќе јава на коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДС за негово вдомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај?

