
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака да преговара и дека тој се согласил на разговор. Коментирајќи ја ситуацијата, Трамп нагласи дека верува оти иранската страна требало да влезе во преговори многу порано.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив на тоа, па затоа ќе разговарам со нив“, рече Трамп.
Тој нагласи дека Иран ја пропуштил можноста за едноставен договор. „Требаше да го направат тоа порано. Требаше да понудат нешто порано што е многу практично и едноставно. Чекаа предолго“, рече тој. „Можеа да склучат договор. Требаше да го направат порано. Беа премногу паметни“, заклучи Трамп.

